„Гладијаторите“ со полн интензитет се подготвуваат за натпреварите од Купот на Македонија, закажани за претстојниот викенд. Атмосферата во екипата е одлична, во погон се сите играчи со исклучок на Даниел Андоновски и Абдерахим Боурдали, кои се уште се опоравуваат од повредите.
– Не одиме со бело знаме во Скопје на мечот со Вардар. Ќе дадеме се од себе на натпреварот со тешкиот противник, кој ќе го искористиме и за подигање на формата за исклучително значајните мечеви од плејофот кои ни следат. – изјави шефот на стручниот штаб Горан Андоновски.