недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Петковска: Министрите не може само да се разрешат, туку треба да понесат одговорност

Најлесно е да се разреши еден министер, да се назначи еден друг нему сличен, работата е да се понесе одговорност. Или треба да мислиме дека се е во ред, па нека се менуваат министри. Премиеру, мора да одговарате пред пациентите болни од меланом, си играте со немање лекови, лекари, си играте со болните од цистична фиброза, рече Лидија Петковска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во Собранието за разрешување на министерот за здравството Беким Сали.

Според неа за низата пропусти во здравството мора да се одговара.
„Некој мора да одговара, многу ги има кои треба да одговараат, вие се занимавате со тендери, бизнис. На крај се се сведува само на амнестија за криминал и корупција“, посочи Петковска.

Петковска посочи дека мора да има казнена одговорност, а не само разрешување.

„Долговите на болниците стасаа до 100 милиони евра, ама не се помисли да се укинат економските директори, сега тоа Таравари го ветува, ама го ветуваше и во 2017 година кога беше министер за здравство во Владата на СДСМ“, рече Петковска.

Има скандал со неградење на нов клинички во Скопје или се плаќа милионска сума како казна, деновиве гледаме вработени во здарвството не можат да земат плата, нема средства за испалта на боледувања, кажа Петковска и додаде, ама никој не одговара.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ