среда, ноември 27, 2024
Охрид

Пред Водици, едни спомени од порано, натпис од Ѓорѓи Љатко

Во времето пред девеесеттите години, крстот се фрлаше во црквите: „Свети Никола Геракомија“, „Света Богоројца Камен-ско“, и „Свети Ѓоргија“ – Горна Влашка Мала. Тогаш училишниот распуст беше од 15-ти јануари до 1-ви февруари, не одевме нашкола и на Водици од сабајле бевме во црквите.
Крстот се фрлаше в казан во 6 сатот сабајле. Во сите цркви имаше натпревар меѓу тајфи од различни мали, а имаше и расправии.
Во Каменско беа тајфите од Месокастро и од Кошишча. Главен на тајфава од Месокастро беше Кире Мостро. Во Геракомија борбата беше меѓу Варошаниве од Канео и од Свети Врачи. На тајфава од Канео главен беше Номче Мато, кај овие од Свети Врачи главен беше Наљо. Номче Мато пред да се фрлит крстот трчаче околу црква за да се загрејт и најпојќе тој го фашчаше крстот. Околу казанот ќе застанеја сите и попот не можеше да го фрлит крстот како шо требит.
Колку шо ми теквит, тие години владиката Методиј кој служеше во Охрид, а после и владиката Тимотеј, не служеја служба во Геракомија
Една година, од ногу гужва и расправии, крстот не се фрли в казан. Андон Бучко го зеде и го фрли на Сараишче меѓу кајчината во плиткото. Поп Ѓорги кој служеше во Геракомија, не дојде на Сараишче.
Некаде околу девеесеттите години, крстот почна да се фрлат на пристанишче во седум сатот сабајле. Тие шо можевме да излезиме од работа, обавезно на овај ден бевме присутни.
Подоцна веќе, манифестацијава стана помасовна, почна да се берит народ од секаде, се фрлаше на едно место за цел град. Една работа шо е интересна, сигурно некој друг имат и поточна евиденција – најчесто крстот го фашчаја млади со име Јован.
Ние на работа тој ден сами си го прогласивме неработен и го славевме празникот заедно со вработените и гостите. После и официјално денот беше прогласен за неработен.
За Водици имат нолгу муабети и настани, ова е едно мало дополнение на претходните муабети, прикази за Водици во Охрид
фб група „Муабети од Охрид и околината“