Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 21 годишно лице од Општина Дебарца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 од Кривичниот законик. Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра и ја употребил при купување на бензинска станица во Скопје. По преземени мерки, тој бил пронајден и поднесена е кривична пријава.
извор: МВР