АктуелноОхрид

Паскали со неколку прашања до министерката за култура: Што се случува со локалитетите каде што се пронајдени златните маски? Дали Вие си играте мајтап со нас? Зошто нема работа за археолози во Охрид?

Никола Паскали дипломиран археолог, специјалност подводна археологија, истражувач, спелео нуркач, фотограф, еко активост, упати јавно прашања до министерката за култура околу преземените активности за заштита на културното наследство во Охрид. Затоа како пто пишува на својот ФБ профил досегашните акции не вродиле со плод. Објавата од Паскали ја пренесуваме во целост:

За какви акции зборувате почитувана министерке? Колку вработени и колку брачни парови има во Завод и Музеј Охрид? Со колку стручни лица ги спроведувавте акциите за заштита и по кои стандарди? Колку години нема директор Завод и Музеј Охрид? Зошто нема археолошки истражувања и наука во Охрид? Зошто до сега не видовме одговорност за систематското уништување? Плаошник? Што се случува со локалитетите каде што се пронајдени златните маски? Дали Вие си играте мајтап со нас? Зошто нема работа за археолози во Охрид? Зошто викате археолози од странство, а нашите ги игнорирате максимално? Зошто?

извор: ФБ Никола Паскали