среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Новата американска амбасадорка со силна поддшка за зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО

Протоколарна средба остварив денес со новата американска амбасадорка, Н.Е. Ангела Агелер.
На средбата зборувавме за предизвиците со кои се соочува Охрид, како и за чекорите кои се преземаат за надминување. Разговаравме и за УНЕСКО, и зачувување на статусот на градот. Американската амбасадорка истакна дека Охрид ја има нејзината поддршка во насока на исполнување на чекорите за зачувување на статусот, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Разговаравме и за изминатата туристичка сезона, како и за соработка во повеќе области. Беше разговарано и за соработка во реализацијата на заеднички проекти со Американската амбасада. Амбасадорката Агелер изрази подготвеност да помогне во привлекувањето американски инвестиции во градот.
Заеднички беше констатирано дека меѓусебната соработка ќе се унапредува.

Извор: ФБ Кирил Пецаков