среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Учество на ученици од охридската Гимназија на интернационалниот 48 часовен Game jam хакатон

Од 14-16 октомври тимот ученици Ајан Бајрамовски, Филип Вичороски, Гораст Палоски, Ева Китрозоска, Марио Ивановски и Јоана Јоноска под водство на професор Елизабета Левеска учествува во интернационалниот настан – 48 часовен Game Jam хакатон, кој се одржа во Kasarna HUB во Охрид. Настанот се организира со цел да се промовира развивањето на дигитални игри и да се поддржат сите кои креираат или имаат желба да научат да креираат дигитални игри. Еден од најинтересните моменти е токму тоа што во хакатонот учествуваат искусни девелопери, но и оние кои немаат никакво претходно знаење. Не е лесно во два дена да се создаде игра “од нула“, особено кога за тоа немате искуство – велат учениците. За тоа колку е развојот на игри отворен за нови перспективи говори фактот што учениците многу добро се снајдоа во својот тим, иако пред овој Game Jam немаа никакво искуство во создавање на игри.

Особено е важно понекогаш да се излезе од сопствената зона на конфор и да се испроба се она што ве интересира. Секој во тимот имаше своја задача, секој беше подеднакво значаен дел од тимот било како артист ( дизајнирање, цртање, создавање приказна, музика) или девелопер. Секој придонесе на свој начин и секој имаше чувство дека е дел од приказната наречена дигитална игра. Едни работеа на графички дизајн, други беа webpage developer, трети на скрипти, четврти беа презентери. Ова само покажува дека во секој game dev студио потребни се луѓе кои не мора да бидат искусни програмери, бидејќи во индустријата која зависи токму од креативноста можете да дадете придонес и со добра идеја. Ова е начин на кој функционират тимовите кои работат на проекти, мали или големи.

 

 

Гимназија Охрид