АктуелноМакедонија

Бесплатен влез во четири музеи и галерии во Охрид секој прв ден во месецот од први ноември до први април 2023 година

Од први ноември годинава до први април 2023 година секој прв ден во месецот ќе биде бесплатен влезот во четири музеи и галерии во Охрид, објави Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од 1 (први) ноември 2022 год. заклучно со 1(први) април 2023 год, се вели во објавата на Заводот.

Објекти за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште и Галерија на икони.

извор: Завод и музеј