сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Левица: Усвоена нашата иницијатива за изработка на физибилити студија, со цел основање ЈП за производство и продажба на електрична енергија

На 17 седница на Советот на Општина Охрид, одржана на 07.10.2022 година, едногласно беше усвоена ИНИЦИЈАТИВАТА за изработка на физибилити студија, со цел основање ЈП за производство и продажба на електрична енергија, поднесена од советникот на ЛЕВИЦА, Виолета Аврамоска на 23.09.2022 година, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Во соопштението од партијата додаваат:

Со формирање ЈП за производство и трговија на електрична енергија се отвора можност општината да приходува од овие дејности, со што за краток период ќе го амортизира финансискиот удар од висиката цена на струјата, а на долг план, со добро менаџирање на ЈП,
да се остварува финансиска добивка која би ја инвестирала во подобрување на условите на жителите на општина Охрид.

Првична цел на ова ЈП е да изгради фотоволтаични централи на сите поволни локации во општина Охрид, втората фаза – да инвестира во производствени капацитети за електрична енергија на поволни локации надвор од границите на општината и последната фаза на развој, ова ЈП самостојно би вршело снабдување со електрична енергија на Општината и нејзините институции, како и други потрошувачи.

извор: Левица ОК Охрид