АктуелноОхрид

МНР со осуда за кршењето на таблата на клубот „Цар Борис“ во Охрид

Министерството за надворешни работи на Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин кој се случи денес, 12 октомври во Охрид, со кој е искршена таблата на неодамна отворениот клуб, се наведува во соопштението.

Потсетуваме дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани на Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања. Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи.

Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас.

извор: МНР