АктуелноОхрид

Бакраческа: Поради неспособноста на Владата сагата со изградбата на автопатот продолжува и по 8 години не се знае кога ќе се вози по автопатот кој досега чини 684,7 милиони долари, а никаде го нема

Се наоѓаме во близина на манастирот „Св. Еразмо“, на делницата Кичево-Охрид.
Поради неспособноста на Владата предводена од СДСМ сагата со изградбата на автопатот продолжува и по 8 години не се знае кога ќе се вози по автопатот кој досега чини 684,7 милиони долари, а никаде го нема, истакнаа на денешната прес конференција пратеничките од ВМРО ДПМНЕ, Грација Бакраческа и Лидија Петкоска.

Во продолжение пратеничките додаваат:

Заклучно со месец август требаше да биде готова делницата од Требеништа до Охрид, но како што може да се види, иако беше најавувано, сè уште не е во функција.
Оттука се гледа дека немаат ниту капацитет, ниту визија, ниту план за развој на државата.
Автопатот е важен за Република Македонија со цел инфраструктурно поврзување, забрзан економски развој и развој на туризмот во регионот.
Со оваа ненародна и предавничка власт има за жал човечки жртви, застој, бавна динамика и зголемени трошоци, казни и фрлени пари, само автопатот никаде го нема.
Премногу е!
Ова мора да има крај!
Време е за одговорна Влада!

извор: ВМРО ДПМНЕ