Охрид

ОО СДСМ: Инфраструктурен лавиринт се случува во Охрид

Охрид во сообраќаен хаос. Граѓаните треба да имаат многу среќа за да стигнат до посакуваната точка во градот. Тие мора да кружат наоколу бидејќи улиците се или затворени или раскопани. Охриѓани не само што ја поминаа летната сезона во прашина, туку сега ќе газат и во кал. Градоначалникот Пецаков оваа година од своето работење најверојатно ќе ја обележи единствено само со фотографирање по манифестации на кои присуствуваше, собирање политички поени и давање лажни ветувања, наместо да се позанимава со решавање на проблемите на своите сограѓани .
❌Дали реконстукцијата на „Македонски Просветители„ ќе го добие признанието за најдолга реконструкција на улица во град Охрид ? Да ве потсетиме Градоначалник дека ветениот датум за завршување на овој инфраструктурен проект беше 1ви јули, а денес е 6ти октомври 2022, а сеуште е затворен дел од улицата !!!
❌Дали градоначалник улицата „ АСНОМ„ конечно ќе биде санирана ?
Дали барем еднаш Вашите директори на јавните претпријатиа ќе излезат на терен на улицата „Сирма Војовда„? Знаете ли дека некои делови од оваа улица ќе станат непроодни за жителите бидејќи надлежните претпријатија очигледно немаат ниту план ниту желба за работа?
Во исчекување на вашиот отчет за сработеното во Вашата една година владеење, отчет кој се надеваме овој пат нема да го прикриете, Ве потсетуваме дека 4 години изминуваат брзо, а народот гледа и памти!
-стои во реакцијата објавена на ФБ од страна на ОО СДСМ Охрид.