АктуелноОхрид

(ФОТО) Со свечен час на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се означи почетокот на учебната 2022/2023 година

Денес на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид со свечен час се означи почетокот на учебната 2022/2023 година. Новата генерација бруцоши присуствуваа на првиот академски час, а веќе од утре редовно ќе ја следат наставата на шесте студиски програми на прв циклус на студии кои се активни на факултетот: Туризам, Хотелско ресторански менаџмент, Гастрономија, Царина и шпедиција, Осигурување и менаџмент со ризик и Менаџмент во услужен сектор (со 4 модули и тоа: Менаџмент во културата, Логистички менаџмент, Промотивен менаџмент и Менаџмент во финансиско работење).

Пред полниот амфитеатар во Факултетот за туризам и угостителство на новите студенти добредојде им посакаа деканот на факултетот проф. д-р Снежана Дичевска, претставници на деканатската управа на факултетот, локалниот координатор на ЦЕЕПУС мрежата за меѓународна мобилност на студенти и наставен кадар и претставник на Факултетското студенско собрание на ФТУ – Охрид и член во Универзитетско студентско собрание при Универзитеот “Св. Климент Охридски” – Битола.

фото: ФТУ