АктуелноОхрид

ЦРВЕНА МЛАДИНА: Ексклузивно ви ги доставуваме записниците од ЛСМ

Црвена Младина како политички подмладок има одговорност пред младите луѓе да им пренесе се’ што не е во ред во спроведувањето на младинската политика во Охрид, велат од Црвена Младина.

Во продолжение го објавуваме дописот во целост:

ℹ️ Иако ЛСМ – Охрид се’ уште не е транспарентен, не ги изнесува деталите од седниците и активностите што се вршат, Црвена Младина одлучи ексклузивно да ги објави записниците од седниците на ЛСМ – Охрид.
⚠️ Од добиените записници можеме да заклучиме дека не секогаш седниците биле во полн состав, на одредени записници и датумите се измешани (што може да дојде до забуна кај оној којшто ги разгледува), за проектите коишто си ги гласаат не се известуваат сите младински организации какошто беше примерот со проектот „Младите може да бидат слушнати” каде само одбрани младински организации и средни училишта беа поканети да учествуваат на тој настан. Исто така постапката со која се гласа создавањето на МКЦ – Охрид беше до овој момент затаена, иако МКЦ е едно од најважните места каде младите можат да се интегрираат во младинските политики на разни начини.
⚠️ Во оваа прилика го потсетуваме претседателот на ЛСМ – Охрид, Јован Цветкоски да си ја врши работата за којашто е задолжен, а не да ги затајува одлуките кои се носат во име на младите во Општина Охрид.

извор: Црвена Младина

фото: ФБ Црвена Младина