АктуелноОхрид

(ФОТО) Улицата „АСНОМ“ повторно затворена за сообраќај

Улицата „АСНОМ“ повторно затворена за сообраќај, најверојатно поради градежните зафати на просторот каде пропана тротоарот по изградбата на зграда.

Инаку да потсетиме дека заврши вештачењето и стручниот наод за настанот на улица “АСНОМ” во Охрид, во кој правно лице и инвеститор при изградба на станбен објект оштети водоводна цевка и предизвика лизгање на земјиштето.

Според стручниот наод покрај оштетувањата на делот од улицата и тротоарот, оштетувања има и на земјиштето помеѓу тротоарот и заштитата на градежната јама- потпорната конструкција од дрвени колови кое е целосно обрушено.

Според пресметката која е составен дел од наодот, вкупната вредност за санирање на состојбата на улицата е 2.780.770 денари.

Дополнително според записникот од ЈП “Водовод” Охрид, инвеститорот треба да плати и 3.564.592 денари за штетата предизвикана на водоводната линија.

Или вкупно по двата основи инвеститорот треба да плати оштета од над 100.000 евра.

По завршувањето на наодот и направената пресметка општина Охрид покрена соодветни постапки пред надлежните органи.

 

извор: Охрид 1