АктуелноОхрид

(ФОТО) Лазо Илоски од Коњско го исполнил сонот на светицата за изградба на камбанарија, откако на подрот од поплавениот дуќан му се отсликал светец

Еден од повозрасните и многу ретки текстилни шивачи во Охрид е Лазо Илоски, роден во селото Коњско. Целиот свој живот го поминал во Охрид, каде и сега неуморно работи сам во својот скромен шивачки дуќан, бидејќи неговиот занает никој од блиските несака да го продолжи. Само тој имал предиспозиции да го засака и да се посвети на овој занат. По кажување на неговите родители и блиски од семејството, единстевно со шивачкиот занает своевремено се занимавал неговиот прадедо Стево.Уште како помал го привлекувал овој занает, иако бил добар ученик и можел да заврши повисоко образование и да биде нешто повеќе од обичен шивач. Меѓутоа, можеби така требало да биде од господ, токму тој да го наследи занаетот од неговиот прадедо Стево.

По завршувањето на основното образование во родното Коњско, се запишал и со успех го завршил средното текстилно училиште во Тетово. Таму имал шанси да се вработи во тогашниот Текстилен комбинат ,,Тетекс,,. Меѓутоа, имал слушано дека престолнината на Франција, Париз е поим за модата во светот. Неговата желба се остварила да замине во Париз. Таму работел пет години од 1974 до 1979 година кај еден србин, а потоа и кај еден евреин од кого многу го научил и усовршив шивачкиот занает. Модниот салон на евреинот бил многу познат во Париз и имал многу повозрасни мајстори и млади, школовани шивачи. Во салонот се шиеле разни облеки кои во тоа време биле модни трендови во европски и светски рамки, и тоа најчесто за познати личности од јавниот живот во Париз.

По период од пет години кога добро и совршено го научил шивачкиот занает, се вратил во родниот крај. Од 1983 годинина, наваму Илоски непрекинато работи на својот шивачки занает, од кој егзистира, иако од 2017 година е активен пензионер.

Меѓутоа од 2009 и 2010 година, животот на шивачот Илоски добива една интересна и неочекувана димензија, која неможел ни да е претпостави. Во неговото родно село Коњско, селаните граделе црква на темелите на некогашната селска црква која и денес го носи истото име ,,Света Мина,,. Но, селаните биле иселени во Охрид и други градови, и немало кој да ја доизгради целосно црквата која десетина години стоела недоизградена, односно без камбнарија, звоно и крст.

Во тоа време во два наврати на Илоски преку ноќ му се поплавил дуќанот, мислејќи дека заборавил да ја затвори славината од чешмата, на што сеуште точно не се сеќава. Утредента кога од поплавениот дуќан ќе ја исчистел водата, за некое чудо на подот видно се отсликувал светец во традиционална облека карактеристична за светците. Но, и денес неможе да го препознае кој е светецот. Негова претпоставка е дека сликата на светецот е заштитникот на неговото село светецот ,,Света Мина,,. Сликата на светецот сеуште видно стои покрај едниот зид на дуќанот на Илоски, и не се бриши. Сликата е има заштитено да не се оштетува.

По поплавувањето на дуќанот и појавата на сликата на иконата, во неколку наврати на Илоски му се случува еден необичен настан. Кога оди во родното Коњско при секое влегување во селската црква ,,Света Мина,, му потекувале солзи во очите и почнувал да плаче, при што од плачот неможел да се соземе. Плачот неколку пати му се повторувал, а незнаел зошто. Камбанаријата на црквата сеуште не била доизградена.

По извесно време, на Илоски на пет-шест пати на сон му се јавува некоја светеца- налик на неговата тетка Луба. Во сонот светицата му рекла да ја доизгради црквата односно Камбанарија со крстот. Сонот вообочаено му се повторувал токму на местото каде што се наоѓа селската црква.
Илоски како голем православен верник,одлучил да го исполни сонот, односно да ја изгради комплетно кабанаријата на црквата со крстот. Сонот Илоски им го раскажал на неговите најблиски. Сите го прифатиле неговото кажување, и ја изградил камбанаријата на црквата со финансиска помош на двете негови ќерки Славица и Билјана и зетовите кои вложиле 12.000 евра. Со тоа Илоски го исполнил сонот кој му се повторувал пет-шест пати. Од тогаш Илоски, е растоварен и од сонот и поплавата што му се случувала во дуќанот.

Инаку, според православниот верски календар ,,Света Мина,, се празнува на 24 ноември, а овој празник е и селска слава на селото Коњско,Охридско.

извор: Охрид 1
фото: Охрид 1