Охрид

Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!

Волонтери од сите генерации дојдете да весламе кајак во нашето Охридско езеро и заеднички да се бориме против загадувањето на животната средина. Проектот има за цел да ја зголеми свеста за борба против загадувањето на природата практикувајќи спортови на вода. Во партнерство со Европската асоцијација за кану и други национални асоцијации за кајак/кану, ќе бидат организирани неколку еко-акции во Бугарија, Хрватска, Македонија и Србија, како и финална Еко-регата за чистење на Охридското езеро и реката Дрим во 2023 година.
Секоја година илјадници луѓе веслаат кајак низ Европските пристаништа, реки и езера, собирајќи повеќе од 42 тони ѓубре. Размислете колку е голема таа пластична кеса и колку тежи, сега замислете го купот собран отпад – тоа е планина од отпад!
На ден 18ти септември (недела)во 10:00часот, на машка плажа ги повикуваме сите граѓани од Струга и пошироко да земат учество во овој проект.
Учество можат да земат сите поединци кои поседуваат опрема за веслање (суп или кајак)
Пријавување во инбокс или на телефон 075 583 583
Носител на проектот е организацијата МЛАДИИНФО. Проектот е финансиран од Европската Унија, како дел од програмата ЕРАСМУС.