АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Поради високите сметки за струја голема е опасноста Охридското езеро да се полни со нетретирана фекална вода

Поради високите сметки за струја кои почна да ги добива Јавното претпријатие Колекторски систем, може да дојде до еколошка хаварија на Охридското езеро, поради неможноста претпријатието да ги плати, објави Алсат М. Тоа може да доведе до исклучување на колекторскиот систем од струја. Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и може сите во еден ден да бидат исклучени.

Последната сметка за струја која јавното претпријатие ја добило е 8,5 милиони денари, а претходно сметката била 1,6 милиони.  Екологистите предупредуваат дека ова неработењето на системот за прочистување на отпадната вода ќе значи директно излевање на фекалии во езерото.

Стравувањата се уште поголеми ако се знае дека доаѓа зима, а сметките за струја сигурно ќе бидат поголеми. Дополнително, јавното претпријатие има долг од околу 1 милион евра за неплатени сметки за струја.

Потсетуваме дека ЈП „Колекторски систем“ започна со работа во 2019 год. По што истото „згрижи“ кадар на СДСМ.

На свеченото отворање тогашниот претседател на СДСМ и премиер Зоран заев истакна дека биле приморани на овој чекор формирање на ЈП претпријатие  поради како што кажа негрижа за одржувањето на системот за прочистување на отпадни води кои создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини и реткости во неговото опкружување. Заев тогаш вети дека во наредните пет месеци ќе го поправат тоа што со години беше запуштено од негрижа и недејствување. Охридското Езеро и заштитеното подрaчје опфатено со УНЕСКО се наша гордост и грижа за сите нас. Нашата намера е да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите скапоцености, истакна Заев.

Но, три години по формирањето на ЈП што добивме? А прашање кое се наметнува е дали ќе го изгубиме нашето природно богатство?

видео: Алсат М