Денес остварив средба со претставниците на атлетскиот клуб Охрид Трчат. Целта на средбата беше организирањето на новиот спортски настан Охрид трчаТ Акватлон.
Акватлон е мултиспортска трка која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. Откако натпреварувачите ќе завршат со пливање веднаш потоа следи трчање. Спортистите се натпреваруваат за најбрзо целокупно завршување на рутата, вклучувајќи го и времето на транзиција помеѓу дисциплините. Ова е прво издание на Акватлон во Македонија и согласно зборовите и визијата на организаторите се очекува да прерасне во традиционална спортска манифестација која дополнително ќе го афирмира и промовира Охрид во светот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
На првото издание се пријавени 130 натпреварувачи во шест категории (мастерс, сениори, јуниори, кадети, деца1 и деца2) што за организаторите е податок дека оваа мултиспортска дисциплина има светла иднина во Охрид.
Натпреварот ќе биде и официјално државно првенство во Акватлон.
извор: ФБ Кирил Пецаков