АктуелноОхрид

ОО СДСМ Охрид: Советниците на владеачкото мнозиство донесоа срамна одлука за покачување на цените на услугите за подигнување,транспортирање и депонирање комунен отпад

Советниците на владеачкото мнозиство денес донесоа срамна одлука за покачување на цените на услугите за подигнување,транспортирање и депонирање комунен отпад без финасиска анализа, без финансиски показатели ,без никаква дискусија, факти, аргументи, но важно во континуитет од доаѓањето на власт ги менуваат ценовниците. Истите под дирегенство на Пецаков кренаа рака и ги задолжија граѓаните со повисоки сметки !!!
Очигледно ни сами не ја оправдуваат одлуката што ја носат, но повторно партиските интереси ги ставија над интересите на граѓаните, се вели во објавата од ОО СДСМ Охрид.

извор: ФБ ОО СДСМ Охрид