Од водите на Охридското Езеро извлечено безживотно тело на постара жена. Не се знае дали жената се лизнала на карпата помеѓу Канео и Лабино, или пак станува збор за самоубиство. Случајот во СВР Охрид го пријавиле граѓани.
Овој немил настан случаен минувач го има и снимено со својот мобилен телефон. Дознаваме дека снимката е предадена во СВР Охрид.
извор: Охрид 1