понеделник, ноември 18, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Најмладите уживаат и се едуцираат , 5+ ФАМИЛИЈА на Охридско лето

Сцената на Долни Сарај претесна за сите кои сакаа да се дружат со тимот на 5+ ФАМИЛИЈА, кои се на програмата на Охридско лето.  Децата уживаат со својот омилен лик Петко.

По повод јубилејот на образовно – забавната платформа 5+, која цели 15 години успешно ги едуцира и забавува не само децата, туку и родителите, и тоа на македонски и на албански јазик, 5+ БЕНД и 5+ ФАМИЛИЈА подготвија ново музичко-сценско доживување, овојпат навраќајќи се на една од основните вредности на платформата, здравата и чиста животна средина и заштита на планетата Земја.

Во таа насока, 5+ БЕНД и јунаците од 5+ ФАМИЛИЈА преку нивниот музичко-сценски перформанс „Немаме резервна планета“ со утврдена и проверена методологија на комбинирање едукација со игра, карактеристичен за 5+ и внимателно развиван низ долгогодишната работа со детската публика, на децата и нивните родители им пренесуваат неколку важни и итни пораки околу развивањето на свеста за здрава животна средина, човечкото влијание врз нејзиното зачувување и уништување, позитивни примери во борбата за климатските промени и ќе потсетат дека немаме резервна планета и дека наша одговорност е, оваа во која постоиме да ја зачуваме.

Играат: Игор Ангелов, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Марија Кондовска, Чедомир Митевски, Дамјан Цветановски, Матеа Јанковска, Изабела Јакимова, Стефан Николовски