вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Зетот на градоначалникот на албанскиот град Поградец одгледувал марихуана во охридското село Оровник?

Зетот на градоначалникот на албанскиот град Поградец одгледувал марихуана во охридското село Оровник, јави албанската Ора њуз телевизија.

Според истиот извор, македонската полиција открила 3.000 садници марихуана, но и 100 литри масло од канабис и 600 килограми сува марихуана.

– Фабриката за марихуана била регистрирана како подружница на фирмата „Гринего 2018“ од струшкото село Дрслајца, но немала дозвола за производство на марихуана, наведува телевизијата.

Во акцијата биле уапсени десет лица, меѓу кои и зетот на градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи, за кој се вели дека бил „сопственик во сенка на оваа фабрика“.

Во кусиот телефонски разговор Џаколи рекол дека зетот е на одмор во Турција и негирал каква било поврзаност на неговиот зет во ова нелегална активност.

извор: МИА