АктуелноОхрид

Богата културна содржина на манифестацијата ,,Вевчанско лето,,

Во периодот од 15 јули до 31 август во Општина Вевчани ќе се организира манифестацијата „Вевчанско лето“.
Манифестацијата има за цел да го збогати културното живеење во Вевчани во летниот период.
„ Вевчанското лето“ изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, научни случувања и истата ќе се случува на повеќе локации низ Вевчани.
Вевчанското лето е под целосно покровителство на Општина Вевчани, поддржано во рамките на програмата за финансирање на проекти од локален интерес во културата за 2022 година, а во организација на здружението Вевчани Турист Инфо.