АктуелноОхрид

(ФОТО) Бочварски и Рустеми ја посетија цела траса на автопатската делница Кичево – Охрид

Посетата ја искористија да направат обикола на целата траса и одблизу да се запознаат со градежните активности за изградба на овој автопат.

Должината на оваа автопатска делница е 57 километри и инвестицијата е во висина од 598 милиони евра, средства кои се комплетно обезбедени.

Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува околу 70%.

Во текот на работната посета тие одржаа и координативен состанок со претставници од компанијата изведувач и со надзорот, каде им беше презентирана динамиката со која се реализира овој крупен капитален проект.

На состанокот се разговараше и за роковите на изградбата на петте подделници, од кои петтата подделница од Аеродромот Свети Апостол Павле до Охрид да биде пуштена за сообраќај до крај на годината.

Министерството за транспорт и врски е посветено на реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти заради рамномерен регионален развој и модернизирање на целокупната транспортна мрежа низ земјата.

извор: Влада

фото: Влада