АктуелноОхрид

(ФОТО) Дали полицијата ќе стави ред или и новата улица ќе се уништи

На фотографијата која до нас ја испратија наши читатели се гледа возило за дотур на роба кое е паркирано на самиот тротоар. Камионите за дотур на роба со години наназад паркираат на тротоари и ги уништуваат јавните површини кои потоа се санираат со пари на граѓаните.

Слични ситуации како оваа имаше и пред Маркетот Кипер во центарот на Охрид кога граѓаните реагираа поради откорнати плочки.

На потег е Полицијата која треба да санкционира неред во сообраќајот.

Да ја спасиме реконструираната улица од уништување.

фото: Охрид 1