петок, ноември 15, 2024
Охрид

Најавен прекин на вода во Центар Жупа цели 14 часа

Утре во периодот од 8 до 22 часот, ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење во Општина Центар Жупа, поради планирани зафати на водоводот Росоки-Дебар.

Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард”- Дебар кое стопанисува со водоводот, прекинот во водоснабдувањето е поради продолжување на проектот за замена на старите вентили, што почна со реализација во ноември минатата година.

 

24 инфо