АктуелноОхрид

Првата група холандски туристи денеска пристигнува во Охрид

Холандските туристи и годинава ќе ги имаме во Охрид. Денеска во 10 и 10 часот на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле слетува првиот чартер лет од ТУИ Холандија.

Ова е убава вест затоа што најавува убава туристичка сезона. По големиот шок предизвикан од пандемијата со КОВИД-19, сезонските летови се враќаат на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.

фото: Ohrid1.com