Градоначалниче Пецаков, можеби Вашите служби Ве информирале погрешно со цел да ја задоволите партиската наредба од БЕЛАТА ПАЛАТА со која Мицкоски на своите Градоначалници им дава насоки да излегуваат со изјави кои врска немаат со вистината, ама да се навидум во корист на народот. Па немојте да ја потценувате интелегенцијата на народот, а уште помалку на наставниците ‼️ Па тие знаат кој од каде и како зема плата и како треба да земе плата ‼️ Постои пропис за тоа, знаете, се вели во објавата на ФБ од ОО СДСМ Охрид.
Во продолжение ја пренесуваме истата во целост:
За Ваша информација : Платите во образование се дел од блок- дотациите на МОН ! Вашите служби ги препраќаат пресметките за плата до МОН , кои претходно се изготвени од училиштата и потоа МОН истите ги разгледува, одобрува / или враќа на корекција и испраќа финансиски средства за да се поделат плати во образование преку буџетските сметки како единки корисници !
А доколку вистина се грижите за наставниците ајде тогаш доста им го кочите процесот на трансформација на работниот однос на неопределено работно време ❗️Или чекате да дојде 31-ви август па да ги испуштите сите вработени со договор на определено исто како што ДПМНЕ направи во 2013-та година со цел вработување на свои партиски заслужници ?
ПОГРИЖЕТЕ СЕ ВЕДНАШ да отпочнете со решавање на ова прашање и постапете веднаш согласно Закон.