На 06.04.2022 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале вкупно 41 пешак кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-17, Струга-19, Кичево-04, Дебар-01). Контролите на пешаците во сообраќајот ќе бидат интензивирани и во наредниот период, а целта е задолжително и доследно почитување на законската обврска за користење на пешачките премини при премин на коловозите и подигнување на нивната сообраќајна безбедност.