Општина Вевчани ќе доделува по 3000 денари еднократна парична помош за секое новороденче .
Утрово потпишав Решенија за доделување на финансиски средства во висина од по 3.000 денари како еднократна парична помош за секое новороденче во општина Вевчани.
Да се живи и здрави, а во иднина посакувам што повеќе вакви решенија да потпишувам, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Спасе Кочовски.