понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Колони возила вечерва ја прославуваат големата победа на Македонската фудбалска репрезентација

Македонија се сака со срце. Македонската фудбалска репрезентација вечерва го покажа тоа. Со голот на Александар Трајковски во 92 минута Македонија ја победи Италија со 0:1.

Првата вистинска шанса Италија ја имаше во 29. минута кога Димитриевски му подари една топка на Берарди, кој биеше од одлична позиција, но македонскиот голман си ја порави грешката и го одбрани удрот на Италијанецот.

Македонската репрезентација единствената шанса во првото полувреме ја имаше во самиот финиш, Трајковски биеше од 25 метри, Донарума го одбрани неговиот удар.

Во финалето Македонија ќе игра против Португалија во Лисабон. Тие денеска ја совладаа Турција со 3-1.