понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Денес во Охрид 6 нови лица позитивни на КОВИД 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 60, Кавадарци и Охрид по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар по 2 и по еден заразен од Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево.

Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирани се 13 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две од Скопје (73 и 80 години) и едно починато лице од Тетово (61). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Гостивар (64) на 31.01.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови.

Kај сите починати се регистрирани коморбидитети.

 

МЗ