четврток, ноември 14, 2024
АктуелноОхрид

Намален водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), објави МИА.

Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од просекот за март. Пониско од просечното и тоа за 1,69 метри е и нивото на Преспанското Езеро, кое е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,81 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

извор: МИА