недела, ноември 17, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Се наѕираат контурите на првиот дел, на потегот од Градскиот кеј до Поштата

Со обележувањето на делот за паркинг, ивичниците и столбовите за улично осветлување, полека се наѕираат контурите на првиот дел, на потегот од Градскиот кеј до Поштата, на булеварот „Македонски просветители“ во центарот на Охрид.

Паралелно, продолжува интензивно да се работи и на потегот од улицата „Партизанска“ до „Димитар Влахов“, која од неодамна се користи за двосмерно движење на возилата.

– Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон ново воспоставениот времен режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, апелираат од Општина Охрид.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес