недела, ноември 24, 2024
Охрид

Левица: Општина Охрид продолжва со старите навики

Недозволиво и неоправдано е 2.000 евра општински пари од граѓаните да одат само за  поставување на новогодишната елка. Фирмата избрана за оваа зделка е ,,Металват” од Скопје, која од 2012 година ги добива тендерите за украсување на градот за новогодишната вечер, се вели во реакцијата од Левица ЛО Охрид.

Во истата се додава:

Годишно градот одвојува преку 20.000 евра само за оваа фирма, додека другиот дел од украсување го спроведува JП Kомуналец.

Левица јавно го повикува Градоначалникот на Општина Охрид за наредното новогодишно украсување да ги користи само јавните претпријатија, а она што недостасува како реквизити за украсување, да биде купено и да остане во сопственост на градот.

Со ваквото нерационално работење, секоја година се одлеваат пари од општинската каса во приватни џебови, наместо јавните претпријатија да ги зајакнат своите капацитети во обезбедување услуги на граѓаните.