сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Стотина капачи ќе пливаат по светиот крст

започна чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа, со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала.

За денешната манифестација пријавени се стотина скокачи по светиот крст. Температурата на воздухот е 4 степени, а на водата 7степени.

Велат иако водата е студена, оној кој влегува со чиста мисла нема да се разболи.

Според предвиденото, точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

По положување на крстот и осветување на езерската вода, точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи и традиционалното свето крштевање на сите луѓе кои сакаат да се крстат.

На градскиот плоштад во 12 часот, концерт ќе одржи групата „Љубојна“, а од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.