Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција списанието Руски политички науки од Москва, Русија, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД, од 17-19 јануари 2022 по јубилатрен 10-ти пат се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2022“.
Поради светската пандемија на КОВИД-19, оваа година конференцијата ќе се одржи хибридно со физичко присустви и on-line преку платформата ZOOM. Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде посветена на „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“. На конференцијата ќе бидат презентирани 42 труда, од 71 учесник и 11 земји.
Отворањето на конференцијата ќе биде на 17 јануари 2022, со почеток во 11 часот, во анфитеатарот на Институтот за Филм- Филмската академија Охрид, т.е. Универзетитетот Св. Апостол Павле во Охрид. Конференцијата ќе ја поздрави и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како и Националниот координатор за Едно општество и интеркултурализам при Владата на Република Северна Македонија м-р. Роберт Алаѓозовски.