недела, ноември 24, 2024
News1.mkАктуелноПолитика

Ковачевски ќе ги промени раководствата на Општинските организации

До крајот на оваа недела ќе бидат променети претседателите на сите општински организации на СДСМ, дознава NEWS1.mk од партиски извори. Претседателот на СДСМ Димиртар Ковачески ќе постави нови луѓе преку кои ќе може да ги спроведе своите партиски заложби.

Инаку Мандаторот за состав на новата влада на Република Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. Според него, клучен и прв приоритет на Владата ќе биде справување со енергетската криза во државата која што е европска енергетска криза и која што се чувствува и во РСМ.

Ковачевски направи измени и во министерскиот состав.Одредени министри од претходната влада не се дел од предлог составот за новата сака. Дали со ова тој прати прати порака дека не е задоволен од тоа како се работело во ресорите со кои управувале, или само станува збор за политичка одлука заради балансирање помеѓу барањата на коалициските партнери?

Мандатарот Ковачевски вели дека тие министри понеле товар во две исклучително тешки кризни години, но оти сами најавиле дека нема да учествуваат во новата влада.

Дали Ковачески ќе остави некои претседатели на ОО и во иднина да ги водат партиските ограници,останува да видиме, но очигледно новиот претседател на СДСМ сака да направи радикални промени во партијата со која раководи.