АктуелноМакедонија

Корона кризата го зголеми недостигот од професионални готвачи, недостаток има и во Охрид

Пандемијата со Ковид – 19 го зголеми недостигот од професионални готвачи во угостителските објекти, како во охридско-струшкиот регион, така и низ цела држава. Дел од нив преминале да работат во други сектори, а дел ја напуштиле државата за подобра егзистенција, објави Независен. 

Влатко Ѓоргиевски, професионален готвач и член на здружението „Охрид шефс“ вели има голем недостиг во професијата. Многу негови колеги неможејќи да го издржат притисокот од пандемијата и рестриктивните мерки кои ги наметна, ја промениле професијата или отишле надвор од државата.

– Има голем недостиг од професионални готвачи во охридско-струшкиот регион. Доста колеги не можеа да го издржат притисокот од кризата и преминаа во други области, а некои отидоа надвор од државата. Платите се тие што можат сопствениците да ги дадат. Угостителските објекти и хотелите беа долго време затворени, се соочуваат со рестрикции. Работат со намален капацитет. Сопствениците беа принудени да отпуштат дел од кадарот, истакна Ѓоргиевски.

Истото мислење го дели и Димитар Аранудовски, професионален готвач од Охрид, со надеж дека работите ќе тргнат кон подобро.

– Целата оваа криза со коронавирусот, ни налага многу од нас да завршат во странство за подобра егзистенција. Се надеваме дека многу работи ќе се променат на подобро. Ние што сме останати сме задоволни од платите, но, ако не сме и ние би заминале, рече Арнаудовски.

Текстот во целост на: Независен. 

фото: The List