Учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ остварија одлични резултати на Државниот натпревар во пливање, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, освојувајќи вкупно три медали.
Во конкуренција на ученици од целата држава, особено се истакнаа двајцата петтоодделенци, Матеј Лазороски и Антонија Чакар, кои со своите настапи донесоа злато, сребро и бронза за училиштето.
Матеј Лазороски го освои второто место и сребрениот медал во дисциплината 50 метри краул, додека во дисциплината 50 метри делфин се закити со бронзен медал и третото место.
Антонија Чакар се искачи на највисокото место на пиедесталот, освојувајќи златен медал и прво место во дисциплината 50 метри градно.
За постигнатите резултати, од училиштето упатија честитки до младите пливачи, како и до нивниот ментор, наставникот Бобан Илоски, за посветената работа, поддршката и вложениот труд.
Успехот на Матеј и Антонија е уште една потврда за спортскиот потенцијал на учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ и значењето на поттикнувањето на спортот и здравите животни навики уште од најмала возраст.


















