Под мотото „Сплотени дејствуваме – одлучни против насилството“, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид ќе организира настан посветен на борбата против насилството врз жените, во рамки на меѓународната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“.
Целта на настанот е подигнување на јавната свест за сите форми на насилство, нагласување на потребата од поголема институционална одговорност, како и поттикнување на солидарност и заедничко делување во создавањето побезбедна средина за жените.
Преку стручни согледувања и отворен разговор, присутните ќе имаат можност да се запознаат со различни аспекти на проблемот, значењето на навремената реакција и потребата од соодветна поддршка за жртвите на насилство.
На настанот ќе говорат Катерина Котеска, адвокат, Виолета Георгиевска, лиценциран психолог и системски семеен психотерапевт, како и Изабела Николовска, психобиолог и когнитивен психолог, магистер по правна и криминална психологија.
Настанот ќе се одржи на 28 ноември 2026 година (сабота), со почеток во 20 часот, во хотелот „Метропол“ во Охрид.
Пораката на организаторите е дека борбата против насилството бара заедничка одговорност, поддршка и континуирана посветеност на целото општество.


















