АктуелноОхрид

Широко-опфатни активности за одржување на јавната чистота и зеленило на ЈП “Охридски Комуналец“

Оперативните служби на терен со активности за одржување на јавната чистота и јавното зеленило во поширокото градско подрачје
🌊 После вчерашното невреме пропратено со обилни врнежи и силен ветер, дежурните екипи интервенираа во ноќните часови и рано утринава; Се расчистуваше градското пристаниште и кејот од наноси од трска, алга и друг тешко разградлив отпад
‼️ Повторно мапирани 9 диви депонии; Нелегално депониран кабаст и зелен отпад и деградирани локации од несовесни граѓани на ул.,,Никола Карев”, ,,АСНОМ”, ,,Димитар Влахов”, локалитет Лабино и населба Даљан; Подигнати се 21м3 кабаст и зелен отпад
✔️ Засилени активности за одржување на јавната чистота и зеленило на највисоко ниво пред претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони; Посебен акцент се става на одржување на ул.,,Булевар Туристичка”, магистралниот пат до Свети Наум на потегот до Свети Стефан и други локации во централното градско подрачје