На 16.11.2026 во 21:47 часот на пресекот на бул.„Туристичка“ со улица „Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода лице на (41) од Охрид. претходно, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контрола и со четирициклот излетал од коловозот.
При извршен увид и извршено алкотестирање, било констатирано дека го управува четирициклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта.
Возилото е одземено , а по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.














