АктуелноОхрид

Конкурс за доделување општинска награда – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

По повод 8. Декември- „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за 2026 година.

Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и во светот.

Право на учество на конкурсот имаат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор.

Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.

Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели помеѓу повеќе добитници.

Конкурсот трае 15 календарски дена сметано од денот на објавувањето.

Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

Пријавите да се достават на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС: ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“).