АктуелноОхрид

Лисица се шета по рекреативната патека Студенчишта во Охрид – не се плаши од луѓето

Несекојдневна глетка на рекреативната патека Студенчишта во Охрид.

 

Лисица слободно се движи во близина на фитнес-зоната, на место кое секојдневно го посетуваат голем број граѓани.

Читатели на Ohrid1.com ни испратија фотографија од лисицата, која мирно стои покрај патеката и, судејќи според нејзиното однесување, воопшто не покажува страв од присуството на луѓето.

 

 

Очигледно, ова диво животно сè повеќе се навикнува на човечкото присуство, па без особена вознемиреност се движи низ просторот каде што граѓаните пешачат, трчаат и рекреираат.

 

 

Иако глетката е интересна и несекојдневна, граѓаните треба да имаат предвид дека станува збор за диво животно, кое не треба да се доближува, допира или храни.

 

 

Фото: Читатели на Ohrid1.com