АктуелноОхрид

(ФОТО) Интензивни активности за одржување на јавната чистота и зеленило по повод 7-ми Ноември-Денот на ослободување на Охрид

По повод одбележувањето 82 години од ослободувањето на Охрид, оперативните служби при Ј.П.,,Охридски Комуналец” реализираа голем број активности за одржување на јавната чистота и зеленило на локациите каде ќе се организираат голем број културни и свечени активности
✔️ Се реализира тековно одржување на јавните површини кај: Спомен-паркот на револуцијата, спомен-обележјето на Јасна Ристеска-с. Рамне, градски гробишта, градски парк, Основен суд-Охрид и СОСУ,,Кирил и Методиј”