Во пресрет на празникот, на 7 ноември, црквата „Св. Димитрија“ ќе биде отворена за сите верници кои ќе сакаат да запалат свеќа и да упатат молитва.
Централното празнување е закажано за 8 ноември 2026 година, кога од 10 часот ќе се служи Света Божествена Литургија.
Празничната програма продолжува во 11 часот со главната прослава, збогатена со музичка програма во која ќе настапат групата „Фолк Мерак I“ и Николче Љушкоски.
Заедничкото празнично дружење ќе продолжи од 13 часот, со традиционален ручек за присутните гости.
Годинешни кумови на празнувањето се Благојче и Никола Аврамоски со семејството.
Митровден во Куратица и оваа година ќе биде можност за заедничка молитва, негување на верските традиции и собирање на мештаните и гостите во духот на празничното единство.
За многу години празникот!

















