Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираа на терен и го отстранија паднатото дрво кое го попречуваше одвивањето на сообраќајот на еден од краците на улицата.

По претходно објавената информација за паднатото дрво кое го блокираше патот, комуналните екипи излегоа на терен, го исекоа дрвото и го расчистија просторот.

Со ова, пречката е целосно отстранета, а кракот од улицата е повторно прооден и сообраќајот може непречено да се одвива.

















