АктуелноОхрид

2 сребрени и 3 бронзени медали од “Плевен Опен 2026”, за младите натпреварувачи на М.Т.Т.Ф

Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација  викендов учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, за деца до 14 години “Плевен Опен 2026”, боите на М.Т.Т.Ф под водство на Марјанчо Лазаревски, оваа година ги бранеа шест натпреварувачи, пет натпреварувачи од Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, и еден натпреварувач од Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево Струга.Натпреваруваа само во една дисциплина во спаринг/борби. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два сребрени и три  бронзени медали.

Огромно задоволство ми е кога ќе видам како нашите млади натпреварувачи стануваат  борци и уште од мали нозе даваат се од себе за да освојат медал од  вакви квалитетни  натпревари, пред се покажувајќи храброст и пожртвуваност  од мали нозе, достојно претставувајќ и ги боите на Македонија. Истотака ме радува што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за нивните генерации како треба достојно да се претставува нашата државата  што за                    нив и самото учество на ваков натпревар е огромен успех, изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф кој упатува огромна благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Општината Охрид и Министерството за Спорт кои го подржуваат нашиот спорт и не потикнуваат за нови успеси, а воедно го најавува и следниот голем натпревар СРБИЈА ОПЕН 2026 кој че се одржи на 24.10 2026, каде неколку натпреварувачи на М.Т.Т.Ф  ќе бркаат критериуми за учество на наредното Европско Таеквон-до ИТФ првенство, кое ќе се одржи во Белград.

 

Осовјувачи на медали се

  • Емилија Трајческа сребрен медал спаринг/борби  -35 кг , девојчиња 8-9 години,                                                               член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
  • Ива Наумоска сребрен медал спаринг/борби  -40 кг , девојчиња 10-11 години,                                                               член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
  • Меланија Стојанвска бронзен медал спаринг/борби  -30 кг , девојчиња 10-11 години,                                                               член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
  • Миа Танеска бронзен медал спаринг/борби  +55 кг , кадетки 12-13 години,                                                               член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
  • Кристијан Гагалески бронзен медал спаринг/борби  -30 кг , кадети 10-11 години,                                                          член на Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга